Srpska verzija
  Избор на кандидат за слушен апарат
 

Слушните апарати некогаш биле препорачувани само на пациенти со кондуктивен губиток на слухот. Овие пациенти имале добро сочувана способност за разбирање на говорот  и висока толеранција за јаки звуци. Од друга страна , пациентите со сензонеурално оштетување на слухот и намалена способност за разбирање на говорот не биле земени во предвид како кандидати за амплификација. Со напредокот на хирушката техника на средното уво, кондуктивно оштетување  се лечи со операција, па затоа кај овие пациенти е намалена потребата за слушни апарати.Така имаме од една страна намален број на кандидати за слушни апарати со кондуктивно оштетување на слухот, а од друга страна е зголемен бројот на оние со сензонеурално оштетување.

Сензонеуралното ошттување претставува посебен предизвик за избор на слушен апарат и негово подесување. Поради намалување на способноста за разбирање на говорот и намален динамичен опсег, посебно во подрачјето на високи фреквенции, кај пациентите со сензонеурален губиток на слухот потребно е да обрнеме внимание на подесување на погодни параметри на слушниот апарат ама и му претстаува на пациентот што можереално да очекува од слушниот апарат. Основни критериуми за одредување на слушен апарат е губиток на нормални слушни фукции и невозможност за корегирање на овој губиток со хируршки процедури или лекови.

Кај кондуктивните оштетувања на слухот внатрешното уво е кај повеќето случаи сочувано и овој проблем се решава воглавно хируршки. Меѓутоа, ако хируршката интервенција е контраиндикувана или ако пациентот ја одбива, се предлага примена на слушен апарат.

Кај сензонеуралната редукција на слухот, состојбата во внатрешното уво значително се разликува од кај пациент до пациент. Способноста на обработка на звукот не може да се процени само на основа на тонална лиминарна аудиометрија. Две лица со сензонеурално оштетување на слухот и ист тонски аудиограм можат да имат потполно различни способности на обработка на звучниот сигнал. За особите со благо до умерено сензонеурално оштетување на слухот типично е да слушаат гласни делови на говорот како што се самогласките а, о, и, е , но не и безвучна консонанта како што се т, п, к, ф, и ч кои се наоѓаат во високотонски фреквентни спектари кај нив е смален. Високофреквентните звуци имаат значење на зборовите и вкупна разбирливст на говорот додека нискофреквентните носат негова сила. Резултат на тоа е да пациентот слушне говор, но не и да го разбере.

Користа од слушниот апарат е поголема доколку степенот на губиток на слухот е мал. Говорната разбирливост е обично намалена во случаеви на редукција на слухот, тие на тој начин и директно ја н амалува користа од амплификација.

Факторите кои го одредуваат кандидатот за слушен апарат можат да се  поделат на аудиолошки и мотивациони. Аудиолошките фактори  го вклучуваат  типот на губиток на слухот и неговиот степен, како и способноста на разбирање на говорот. Просечната ориентациона вредност на губиток на слухот која оневозможува социален контакт односно ефикасна аудиовербална комуникација, претставува губиток на слух помеѓу 40 и 50 dB на говорната фреквенција. Мотивационите фактори се однесуваат на животните навики на пациентите како и информираност за проблемите со оштетен слух.

Мотивација за користење на слушен апарат има директен впечаток на неговиот корисен ефект, а со тоа и на степенот на подобрување на квалитетот на животот на лицата со редуциран слух. Негирањето на постоењето на слушниот проблем ја намаува мотивацијата, а со тоа и потенцијалот на пациентот за користење на слушен апарат. Благите губитоци на слухот лесно се подесуваат д технолошка точка на гледање. Доколку се чека процесот на оштетување да се процесира, тоа ги зголемува тешкотиите во подесувањето на слушен апарат.

Слушниот апарат треба да обезбеди неколку карактеристични ефекти на корисникот.Основниот е обезбедување на појачувањето на нормалниот конверзационен говор до ниво кај што се максимално разбирливи т.е подобрување на комуникацијата. Другиот е овозможување на пациентите да ги  слушнат останатите звуци на околината, како што се звуците кои предупредуваат на опасност или музика. Исто така,слушните апарати мораат да обезбедуваат процес на едукација, посебно кај деца со оштетен слух. Кај оваа популација на слушни апарати  се овозможува развој на нормален јазик, говорна способност како и интелектуален развој.

Идеални кандидати за слушни апарати се оние пациенти со благо и умерено оштетување на слухот, а имаат потешкотија во остварувањето на аудиовербална комуникација. Многу особи кои имаат добар слух од една страна можат релативно добро да го компензираат губитоткот на слухот на другото уво, што значи да повеќето од оние кои имаат слушен апарат , имаат обострано оштетување на слухот.
Меѓутоа современиот дигитален апарат може да ги корегира различните степени на гуиток на слухо па дури и тешките оштетувања со адеквантна аудиолошка рехабилитација.

 
 
 
Мапа на сајтот  | ОРЛ дијагностика